Истражувањето на оптичките активности спроведено во Универзитетот во Толедо покажа дека синото светло може да ги претвори молекулите во очите во клетки-убијци.
Според истражувањето за влијанието на читање од мобилен или од таблет во темен простор, тоа може да доведе до молекуларна дегенерација, болест на окото поврзана со староста која води кон целосно слепило.
,,Не е тајна дека сината светлина му штети на нашиот вид, така што ја оштетува очната ретина. Нашите експерименти објаснуваат како доаѓа до тоа и се надеваме дека ќе откриеме терапија за да ја забавиме молекуларната дегенерација , како производство на нови капки за очи.” изјави професорот Аџит Карунаратне од Универзитетот во Толедо, Шпанија.
Синото светло, објаснува професорот, предизвикува одредена хемиска реакција, која е токсична за фоторецепторските клетки, кои умираат и не се регенерираат .
Истражувањето nа Институтот за глобално здравје од Барселона покажа дека синото светло може да биде поврзано со некои видови на канцер.
,,Постојат докази на поврзаност при изложувањето на вештачка светлина ноќе со рак на дојката и на простата“, изјави координаторот на истражувањата, професорот Манолис Когевинас.
Според нивните истражувања, ризикот за појава на рак на дојката или на простата се зголемува од сината светлина за 1,5 до 2 пати.