Наследникот на Sony A5100 mirrorless фотоапаратот од средниот сегмент доби интересна надградба. Sony A6400 со 24MP сензор пристигнува со поддршка за 4К 30fps видео снимање, AI-придвижуван контраст од 425 точки и автофокус со фазна детекција. Тука е и AF следењето на окото во реално време, како и тачскрин дисплејот, кој ќе им користи на видео блогерите.

Sony A6400 фотоапаратот го карактеризира 24.2MP Exmor Advanced Photo System type-C (APS-C) сензор, кој работи со Sony Bionz X процесор. Апаратот може да фотографира во 11 fps со помош на механички затворач или до 8 fps во тивок мод. Можно е да се креира до 116 JPEG фотографии или 46 некомпресирани слики во RAW формар, пред да се пополни баферот на фотоапаратот.

Една од главните карактеристики на уредот е “real-time eye AF”, кој ја користи вештачката интелигенција за константно детектирање на очите на субјектот. Ова функционира на повеќе субјекти, како и на животните, а се во фрејмот држи во фокус. Тука е и опцијата на рачно селектирање на очите кои сакате да ги следите. Следењето на субјектите во реално време детектира и длабочина, боја, матрица и други информации кои помагаат во прецизно следење на субјектот во фрејмот.