Тајванските добавувачи на компоненти за трите нови модели на iPhone се внимателни во предвидувањата за нивните побарувања.

И покрај претстојната премиера на поевтиниот iPhone XR, тие очекуваат релативно ниска продажба и намалени нарачки од Apple.

Според DigiTimes, тајванските компании предвидуваат слаба продажба во четвртиот квартал. TSMC, кој ги произведува А12 Bionic процесорите, веројатно ќе ги прилагоди своите финансиски предвидувања за тој период.

Од Компанијата „Ларган Пресижн“, кој ги снабдува леќите за камерите, споделија слични очекувања и веруваат дека набавките постепено ќе се намалуваат во октомври и ноември. Оттаму моментно не сакаат да се посветат на прогноза за декември, поради нејасната ситуација на пазарот.

Извори на DigiTimes веруваат дека трговската војна меѓу САД и Кина покажува негативно влијание врз целокупниот пазар, кој страда од забавен раст во последниве години.