По бројните шпекулации, компанијата Apple почна со онлајн продажба на батериски куќишта, кои се достапни за трите минатогодишни модели iPhone XS, XS Max и XR. Без оглед на моделот, куќиштето чини 129 долари.

Футролите се достапни во црна и бела боја и имаат батерија, која е забележлива во вид на испакнатина. Тоа беше случај и со претходните батериски куќишта.

За жал, сопствениците на постарите iPhone модели немаат корист од новите батериски футроли, бидејќи не се соодветни. Дури ни сопствениците на iPhone X не можат да ги користат, иако овој уред речиси идентични димензии како и XS.

Новите куќишта се компатибилни со Qi сертифицираните полначи, така што можете да го полните по безжичен пат. Секако, можно е полнење и со USB-C или Lightning кабел.

Батериската футрола ја продолжува работата (односно користењето на интернет) на моделот на XS за 21 час, XS Max за 20 часа, а XR на 22 часа.

Корисниците преку iOS можат да ја следат состојбата на батеријата на куќиштето во Notification Center.