Windows 7, речиси десет гoдини стар оперативен систем, до неодамна беше најкористениот OS на светот. Пред некое време го престигна сеприсутната “десетка”, но Windows 7 и натаму опстојува. По сите релевантни статистики, се работи за вториот најпопуларен OS, инсталиран на повеќе од една третина од сите компјутери во светот. И покрај тоа, веќе е на видик крајот на официјалната поддршка на Microsoft.

Уште претходно во Редмонд одлучија дека поддршка за Windows 7 во облик на закрпи и надградби ќе пружаат до 2020. година. Она што некогаш се чинеше далечно дојде релативно блиску – имено, последниот ден кога Microsoft официјално бесплатно ќе го поддржува Windows 7 ќе биде за една година. Поточно, последниот ден на поддршка ќе биде 14. јануари, 2020. година.

https://twitter.com/Windows7EoS/status/1084789278629076992?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1084789278629076992&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.bug.hr%2Fwindows%2Fjos-samo-godinu-dana-besplatne-podrske-za-windows-7-7588

Оние кои ќе сакаат и ќе можат да плаќаат можат да очекуваат дека сигурносните закрпи за својот омилен OS ќе можат да ги добиваат дури до 2023. година. Наплатната услуга за поддршка заа Windows 7 им е наменета на бизнис корисниците и големите системи, а претплатата ќе се пресметува месечно, според бројот на компјутерите на кои е инсталирана “седмицата”.

Сите останати, приватните корисници и оние кои не планираат на Microsoft да му плаќаат претплата за овој OS, имаат уште 365 дена својот систем да го надградат на Windows 10. По 14. јануари следната година, WIndows 7 ќе биде и натаму можно да се активира и користи, но без најновите сигурносни закрпи, што компјутерот го изложува на ризици, порачуваат од Microsoft.