Првиот микрочип кој во 1958 годфина рачно го изработил Џек Килби може да биде ваш, доколку за него понудите најмалку 432.500 долари.

Изумот на првото интегрирано коло (IC), односно микрочип, му се припишува на нобеловецот Џек Килби (1923-2005), кој го изработил во 1958 година, додека работел за компанијата Texas Instruments. Неговиот микрочип успешно бил демонстриран како осцилатор со фазна промена и го отворил патот на идните генерации микротехнологија која подоцна резултирала со солициумски чипови кои денес се наоѓаат во сите наши компјутери, електронски уреди и гаџети. Килби исто така е коавтор на првиот џебен калкулатор и термалниот принтер.

Сега, еден од првите два прототипа на овој микрочип се наоѓа на онлајн аукција од американската компанија Heritage Auctions, а почетната цена е 432.500 долари.