VLC е популарен, речиси универзален медиа плеер креиран од компанијата VideoLAN. Сега е објавено дека плеерот е преземен над три милијарди пати, а бројачот на преземање (креиран од мобилните уреди со различни големини на екрани) е забележан во текот на CES саемот.

Мобилните уреди сочинуваат 25 проценти од вкупниот број на сите преземања на популарниот плеер. Jean-Baptiste Kempf, еден од програмерите на VLC, исто така, откри дека AirPlay поддршката пристигнува на Android апликацијата на плеерот. Во текот на следните месец дена, тимот планира поддршката да ја прошири и на главната VLC апликација.

Покрај ова, VideoLAN работи и на подобрување на поддршката за виртуелна реалност, за да може 2D поддршката да се гледа со помош на 2D кацига. VLC медиа библиотеката исто така ќе добие подобрувања.

VLC доби и помало ажурирање (3.0.6), со поддршка за HDR видео во AV1 формат. Идните надградби ќе донесат подобра HDR поддршка и скалирање. Исто така, се разгледува објава на VLC за PlayStation 4, Nintendo Switch и Roku уредите.