Компанијата Royole која во ноември минатата година го престави првиот смартфон со флесибилен AMOLED дисплеј, на последниот саем за технологија, престави уште неколку свои новитети. Популарниот старт-ап тргнува и со уште еден хит на пазарот, а тоа е флексибилна QWERTY тастатура, која може да се постави на која било мазна површина и да се поврзе со телефон преку Bluetooth.
Оваа флексибилна транспарентна тастатура може да работи безжично и кога ќе завршите, потребно е само двапати да го притиснете копчето кое ќе ја собере флексибилната тастатура во основата. Истата можете да ја ставите в џеб и да ја понесете со себе, каде и да посакате.
Во мирување батеријата трае со месеци.