Samsung  ги претстави своите најнови иновации со модуларната Micro LED дисплеј технологија во рамки на годишниот CES настан – „Прв поглед“ (First Look) кој се одржа во Ариа Ресорт & Казино во Лас Вегас. Револуционерните нови дизајни на Micro LED технологијата ги вклучуваат: новиот 75 инчен дисплеј, 219-инчниот екран The Wall, како и други големини, форми и конфигурации за новата генерација модуларен микро LED дисплеј. Исто така, компанијата најави дека од оваа пролет на моделите Samsung “паметни“ телевизори (Samsung Smart TV’s) од 2019 година ќе биде достапна поддршка за услугите iTunes Movies & TV Shows и Apple AirPlay 2.

Micro LED со 75-инчен екран и 219-инчниот The Wall

Одликувајќи се со најсовремената технологија и модуларни можности, Micro LED-дисплеите од Samsung обезбедуваат беспрекорен квалитет на сликата, разновидност и дизајн. Овие трансформативни телевизиски екрани се составени од поединечни модули со Micro LED диоди со милиони неоргански црвени, зелени и сини микроскопски ЛЕД чипови кои испуштаат сопствено светло за да произведат интензивни бои на екранот. На овој начин квалитетот на сликата е неспоредлив и ја надминува секоја технологија за прикажување која е во моментот достапна на пазарот.

На минатогодишниот Саем за потрошувачка електроника, Samsung го претстави Micro LED со претставување на The Wall, наградуваниот 146-инчен микро LED дисплеј. Заради техничките достигнувања во процесот на ултра-финиот звучен полупроводнички процес на пакување кој го стеснува јазот помеѓу микроскопските LED чипови, Самсунг разви 4K Микро ЛЕД дисплеј во помал, 75-инчен формат прилагоден за домашна употреба.

Благодарение на модуларната природа на Micro LED, оваа технологија нуди флексибилност во големината на екранот која им овозможува на корисниците да го прилагодат кој би одговарал на секоја просторија или простор. Со додавање на микро LED модулите, корисниците можат да го прошират својот екран на било која големина што ја посакуваат. Модуларната функционалност на Micro LED ќе им овозможи на корисниците во иднина да создадат врвен дисплеј дури и при неправилни 9×3, 1×7 или 5×1 големини на екран кои ќе одговараат на нивните просторни, естетски и функционални потреби.

Micro LED технологијата на Samsung исто така ја оптимизира содржината без оглед на големината и формата на екранот. Дури и кога додавате повеќе модули, Samsung Micro LED дисплеите можат да ја зголемат резолуцијата – сето тоа додека постојаната густина на пиксели е истата. Освен тоа, Micro LED може да поддржува сè: од стандардните содржини во сооднос 16:9, до 21:9 широкоаголни филмови, неконвенционални соодноси како 32:9, па дури и 1:1, без да мора да правите компромис за квалитетот на сликата.

Конечно, бидејќи микро ЛЕД дисплеите се без рамка, нема граници помеѓу модулите – дури и кога ќе додавате повеќе. Резултатот е беспрекорен, неверојатен ефект на бесконечен базен кој овозможува екранот елегантно да се вклопи во било која животна средина. Можностите на примамливиот дизајн се подобрени со новата опција за амбиентален режим (Ambient Mode).

Поддршка за услугите iTunes Movies & TV Shows и Apple AirPlay 2

Од оваа пролет, Самсунг ќе обезбеди поддршка за услугите iTunes Movies & TV Shows и Apple AirPlay 2 за своите паметни ТВ уреди од 2019 година, додека поддршката за овие платформи на Самсунг “паметните“ телевизори од 2018 година ќе биде достапна преку ажурирање на фирмверот. За почеток, поддршката на новите платформи ќе биде достапна само на Самсунг ТВ уредите, и тоа апликацијата “iTunes Movies & TV Shows“ ќе биде достапна во повеќе од 100 земји, додека пак, AirPlay 2 ќе биде достапна на Самсунг “паметните“ телевизори во 190 земји во светот.

Со новата апликација iTunes Movies &TV Shows, корисниците на Samsung. “паметни“ ТВ уреди ќе можат да пристапат до нивната постоечка iTunes библиотека, да пребаруваат низ iTunes продавницата и да купат или изнајмат некој од стотиците илјади достапни филмови и серии – вклучувајќи го и најголемиот избор од 4K HDR филмови. Содржините од апликацијата “iTunes Movies & TV Shows“ ќе работат беспрекорно синхронизирани со достапните услуги на паметните телевизори на Sasmung, како Universal Guide, New Bixby и Search, создавајќи одлично искуство преку платформата на Samsung.