Еден од најголемите проблеми кај паметните часовници е траењето на батеријата, затоа што за разлика од традиционалните, батериите на овие часовници мора да ги полните барем на неколку дена.

Со оглед на тоа што овие уреди се наменети за константно следење на активности – трчање, вежбање, возење велосипед и слично, со секојдневното повеќечасовно полнење, следењето на активностите на корисникот не може да биде целосно прецизно.

Се чини дека дојде крајот на овие проблеми, затоа што од компанијата Matrix Industries на Indiegogo го најавија „најмоќниот паметен часовник кој никогаш нема да треба да го полните“.

PowerWatch 2 кој на оваа страница веќе собра повеќе од 300 илјади долари, со што ги надмина побараните 100 илјади долари, посебен е по тоа што користи термоелектрични генератори и соларна технологија за полнење на батериите, односно батериите на овој часовник се полнат од топлината на човечкото тело и од сончевата светлина.

Се очекува на пазарот да се појави во текот на летото по цена од 499 долари, но во текот на кампањата може да се нарача за 199 долари. Доаѓа со 1,2-инчен LCD екран, водоотпорен е до 200 метри, има GPS, сензор за мерење на отчукувањата на срцето, основни функции за следење на спиењето и преку апликација може да се поврзе со паметни телефони кои што работат на Android и iOS платформата.

Извор: Zimo.hr