Има се повеќе информации и гласини за Sony Xperia XZ4, а една од главните карактеристики на уредот ќе биде исклучително долгиот дисплеј, дури и за моментните стандарди и трендови во мобилната индустрија. Првите рендери кои се појавуваа, сугерираа 6,5-инчен панел и должина од 166,9 милиметри.

Оригиналните рендери ги следеа протечените фотографии на куќиштето, деталните спецификации, а неодамна и фотографија од заштитното стакло за екранот, кое повторно го потврдува 21:9 односот на страници на панелот и големината на дисплејот од 15,2 см (без рамки). Последните информации ни ги донесува дојавувачот Ice Universe.

Покрај ова, Ice Universe објави видео кое прикажува како изгледа гледањето на филмови на екранот на Sony Xperia XZ 4. Содржината, која се прикажува на екранот е од филмот Thor Ragnarok, кој уште еднаш покажува дека телефонот користи 21:9 однос на страници.