Volvo во 2019 година во некои свои модели како опција ќе понуди нови камери ќе го следат возачот односно ќе ја следат неговата здравствена состојба и автоматски ќе упатат повик за помош во итни случаи.

Камерите насочени кон возачот одамна не се новитет во автомобилите. Меѓу другото, тие се користат од страна на автомобилските новинари и јутубери во нивните видео прилози, како и автомобилските компании кои развиваат автономни системи за возење.

Некои производители на автомобили почнаа да ги користат овие камери за да го следат однесувањето на возачите зад воланот и да детектриаат замор или одредени здравствени проблеми. Така, за некои модели во годината која е пред нас, Volvo на купувачите опционално ќе им понуди камера за контрола на возачот.

Камерата ќе биде во можност да го утврди нивото на гликоза кај возачот „гледајќи“ ги очите на возачот, така што во случај на здравствени проблеми на лицето зад воланот ќе може автоматски да повика претходно внесен телефонски број на болница или член на семејството.

Овие камери ќе бидат во можност да проценат дали возачот е уморен или расеан и да активираат аларм за да го предупредат и разбудат.

Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас