Австрискиот министер за европски прашања и медиуми, Гернот Блимел, посочи дека последните разговори за навредите и заканите преку интернет-форуми покажале дека се потребни јасни правила во дигиталниот простор.
Имено, како и минатата година, имаше навредливи коментари за новороденото бебе, односно неговото странско потекло, но исто така и на сметка на бебето на заменик-канцеларот Хајнц-Кристијан Штрах.
Поради се почестиот број на закани и навреди кои може да се забележат по интерент властите во Австрија одлучија дека се потребни јасни правила во дигиталниот простор.