Само неколку дена по објавата на Huawei P Smart (2019) моделот на паџарот во Европа, кинеската компанија го официјализира уште поевтиниот Huawei Y7 Pro (2019) смартфон, кој дебитираше на пазарот на Виетнам.

На прв поглед, Y7 Pro (2019) визуелно делува речиси идентично како P Smart (2019). Но, по деталното споредување на спецификациите, забележлив е голем број на разлики. Huawei Y7 Pro (2019) користи Qualcomm Snapdragon 450 чипсет, Додека екранот е 6.26-инчен LCD со HD+ резолуција, засек во облик на капка и 19:9 однос на страници. Телефонот има 3GB RAM и 32GB простор за складирање, со microSD слот за проширување.

На задната страна се наоѓа систем со две камери, кои го сочинуваат 13MP f/1.8 главниот сензор и 2MP depth сензор. Селфи камерата е со резолуција од 16 мегапиксели.

Huawei Y7 Pro (2019) засега може да се најде во онлајн продажба по цена од околу 150 евра, а ќе почне да се испорачува од 5. јануари во црна или сина варијанта.