Со сегашниот развој на ситуацијата, тешко е да се поверува дека Samsung ќе биде успешен на пазарот на паметни звучници со уредот кој го води Bixby, но јужнокорејската компанија планира да претстави нов производ од оваа категорија во текот на следната година.

Samsung го претстави премиум паметен звучник, наречен Galaxy Home, пред неколку месеци, но многумина не се свесни за ова бидејќи паметниот звучник сè уште не стигна на пазарите.

Иако Samsung не објави колку ќе чини Galaxy Home, паметниот звучник најверојатно ќе биде директен конкурент на Apple HomePod, а не на Google Home или Amazon Echo моделите.

Во обид да го продава својот паметен звучник по прифатлива цена, Samsung работи на помали, поевтини Galaxy Home модели, според пишувата на сајтот SamMobile. За разлика од оригиналниот Galaxy Home, помала верзија треба да понуди помали микрофони и премиум функции.

Паметните звучници сеуште ќе бидат водени од страна на Bixby асистентот, но повеќе ќе се фокусираат на средното ниво на пазарот отколку на премиум нивото.