Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките, предложил во текот на првиот беспилотен лет на новото вселенско летало “Федерација“ до Месечината, патниците да бидат глувци, изјавил директорот на овој Институт, Олег Орлов.

“Официјално дадовме предлог во рамките на развојот на првиот лет на вселенското летало до Месечината. Ние предложивме макетата да се организира како биолошки сателит со условите на вистински лет околу Месечината, според сценарио кое ќе се даде на летови со екипаж, за спроведување на превентивни истражувања на биолошките објекти и добивање на биолошка верификација “, рекол Орлов, пренесува РИА Новости.

“Доколку е можно да се искористи перспективниот товарен брод во текот на беспилотниот лет, тогаш ние таму ќе поставиме глувци“, објасни заменик-директор на Институтот, Владимир Сичев.

Според него, глувците ќе се користат токму поради тоа што нивното однесување и реакции на вселенските услови веќе се добро проучени. Тие беа испратени на вселенското летало “Бион М1“, а во 2023 година би требало да се лансира и вториот биосателит “Бион М2“.