Таа порака на прв поглед изгледа легитимно, но кога детално ќе ја прочитате очигледно станува збор за измама. Популарниот американски сервис за гледање серии и филмови, Netflix предупреди дека се појавиле лажни мејлови кои трагаат кон нивните корисници.

Во лажната порака, која на прв поглед изгледа како да била испратена од Netflix, се наведува дека имаат проблем со податоците за наплата на услгите и дека од примателите бараат да кликнат на следниот линк и да ги потврдат нивните податоци.

Од Netflix ги предупредуваат своите корисници да бидат внимателни за време на отварањето на таквите пораки и никогаш да не кликнуваат на сомнителните линкови.

“Никогаш немојте да ги испишувате корисничките или финансиските податоци во образецот од линкот. Подобро посетете го Нетфликс директно”, предупредуваат од Netflix и молат сите сомнителни линкови да им ги испратат нив.

Експертите за безбедност предупредуваат дека тие линкови доаѓаат од легитимни извори и треба да се отвараат со внимание.

Проверете ја е-адресата од која доаѓа пораката, обрнете внимание на јазикот кој се користи во пораката и не отварајте никакви линкови кои се наоѓаат во сомнителните пораки.