Еден од најбогатите бизнисмени на светот Бил Гејтс ја опиша 2017 како пеколна година. Сепак и покрај тоа, тој се одлучи на својот Твитер профил да ги сподели најинспиративните моменти од оваа година.

„Нема сомнение дека 2017 година беше навистина тешка, но исто така донесе и некои одлични моменти на надеж и напредок. Ова се некои од инспиративните твитови кои можеби сте ги испуштиле“, напиша Гејтс.

1. Латиноамериканецот Едуардо Санчез е прв на листата на Гејтс, бидејќи тој станал првата личност од своето семејство која дипломирала.

2. Боливудската романса „Toilet: A Love Story“ за млад брачен пар ја образувала публиката околу здравствените предизвици во Индија.

3. Светската здравствена организација објави дека во Бутан и на Малдивите е завршена епидемијата на мали сипаници.

4. Добитникот на Светската награда за храна од парите од наградата основал фонд за помош на младите од Африка кои се занимаваат со земјоделство.

5. „Њујорк Тајмс“ објави дека помагањето на другите придонесува за здравјето на оние кои даваат, но и на оние кои ќе ја примат таа помош.

6. Нов спорт воведен во училиштата – екстремно читање, ги охрабрува студентите повеќе да читаат.

Овие моменти му помогнале на Гејтс да се чувствува подобро во оваа година и да биде пооптимистичен за идната, напиша познатиот бизнисмен.

Извор: B92.net