Мета воведе нова функција за креаторите, која ќе им овозможи да заработуваат на Facebook.

Креаторите сега можат да заработуваат од своите видеа на Facebook што користат лиценцирана музика. Опцијата „Music Revenue Sharing“ е функција за монетизација каде што создавачите можат да користат лиценцирана музика од популарни изведувачи во нивните видеа на Фејсбук и да заработат од рекламирање.

Функцијата е покриена со Rights Manager, алатка за усогласување на видео, аудио и фотографии развиена од компанијата Мета. Алатката ќе им помогне на креаторите на содржини да ги заштитат своите права и да управуваат со содржината на платформата.

Содржината, исто така, мора да ги исполнува стандардите на заедницата и музичките упатства на Facebook. Видео клиповите мора да бидат долги најмалку 60 секунди и мора да има визуелна компонента на видеото, така што лиценцираната музика не е примарна цел на видеото.

Мета посочува дека функцијата е овозможена преку партнерство во музичката индустрија и дека е прва од ваков вид и од ваков обем. Според Мета, функцијата ќе им користи на креаторите, партнерите, носителите на музички права и други.

Music Revenue Sharing доаѓа до креаторите на видео содржини ширум светот, а првично ќе биде достапно за корисниците во САД.