По Кина, поради тужбата од Qualcomm, Apple повеќе нема да може да продава одредени модели на iPhone ни во Германија.
Продолжуваат проблемите за Apple – покрај послабата продажба на iPhone во однос на очекувањата, компанијата на Тим Кук се бори на суд за кршење на патентите со Qualcom. По забраната за продажба на одредени модели на iPhone во Кина, Qualcomm извојува победа против Apple и во Германија и судот го прогласи Apple за виновен за кршење патенти и интелектуална сопственост.
Исто така, одредена е забрана за продажба на iPhonе 7 и 8 во Германија. Иако одлуката не стапува на сила веднаш, затоа што Apple поднесе жалба, компанијата сепак одлучи да престане со продажба на овие два модела во своите продавници, но ќе бидат достапни во повеќе од 4.300 други продавници во Германија.
Одлуката на германскиот суд можеби ќе влијае на продажбата на неколку милиони уреди кои Apple ги продава секоја година, но станува збор за мала, но јасна победа во сложената правна борба меѓу компаниите. Од Qualcomm коментираат дека во последните две недели два различни суда ја потврдија вредноста на патентите на Qualcom, како и кршење на тие патенти од страна на Apple.
Во компанијата од Купертино владее поинакво расположение. Компанијата преку соопштение го истакна своето разочарување од пресудата и истакна дека од своите продавници ќе ги повлечат моделите iPhone 7 и 8, но моделите XS, XS Max и XR ќе останат во продажба.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли