Ова се неколку скриени функции на вашиот омилен оперативен систем Android, кои ќе ви го олеснат секојдневното користење на смартфонот.

1. Станете програмер

Дали сте знаеле дека Developer Mode овозможува низа ситни, но битн опции во менито на вашиот Android? Ако досега не сте, активирајте го сега со влегување во поставките и изборот на секцијата About, каде што Developer Mode можете да го активирате со седумкратно притискање на build на вашиот уред. Откако тоа сте го направиле, на екранот ќе добиете одбројување и потоа порака: „Честитаме – станавте програмер”

2. Брзо променете ја вашата безжична мрежа

Брзото префрлање од една на друга мрежа не секогаш е едноставно. Точно е дека секогаш одете да одите во Settings > Wi-Fi, но секогаш постои побрз начин.

Повлечете со прстот надолу од врвот на екранот и отворете и брзите поставки. Таму наместо да одите на иконата за Wi-Fi, одете на името на мрежата и веднаш ќе добиете листа на сите мрежи во ваша близина.

3. Ви досадуваат потсетниците? Откријте од каде доаѓаат

Ако на главниот екран постојано добивате потсетници за досадните апликации, а немате поим од каде доаѓаат, само долго држете на потсетникот и уредот сам ќе ви каже од каде доаѓа.

4. Знаете ли за Priority mode?

Priority mode е една од занемарените функции на Android, која всушност е многу корисна.

Накратко, таа овозможува телефонот да биде тивок, но во исто време и понекогаш да заѕвони доколку ви стигне некоја многу важна порака. Без разлика дали тоа е повик, текстуална порака, WhatsApp или порака од одреден контакт, оваа функција може да ви помогне.
За да ја активирате, одете во поставките и таму одете на Sound & Notification, па потоа во Do not disturb. Тука можете да ги изберете опциите кои ви се потребни.

5. Зумирање на мапи во Google Maps

Доволно е само двојно притискање на екранот и повлекување нагоре или надолу за да се зумира мапата. Тоа е многу поелегантно решение од држењето на телефонот и развлекувањето на кадарот со користење на двете раце.

Извор: Tportal.hr