Истражните органи во петокот поднеле тужба против Apple во која се наведува дека познатата компанија не ја говори вистината за спецификациите на екраните во својата серија на iPhone X.
Двајца тужители поднеле тужба во окружниот суд во Северна Калифорнија, тврдејќи дека Apple дал лажни информации за големината на екранот и бројот на пиксели на дисплеите на своите модели iPhone X, iPhone XS и iPhone XS Max. Тужителите бараат класична законска акција против компанијата која не одговорила на обвиненијата и коментарите.
Во тужбата се наведува дека Apple лажел за големината на екранот така што ги пребројувал деловите без екранот како што се аглите и засеците. Новата линија на iPhone не е “цел екран” на пазарот, според жалбата на 55 страници. На пример, големината на екранот на iPhone X би требало да биде 5,8 инчи, но според мерењата на истражните органи, големината е околу 5,6875 инчи.
Тужителите исто така тврдат дека телефоните имаат помала резолуција на екранот отколку што е наведено во нивните карактеристики. Наведените модели би требало да имаат резолуција од 2436х1125 пиксели, но производот не содржи вистински пиксели со црвени, зелени и сини подпиксели во секој пиксел. iPhone X наводно има само два подпиксели по пиксел, што е помалку од неговите официјални карактеристики. Во истражната постапка се наведува и дека iPhone 8 Plus има поквалитетен екран од iPhone X.
Овa не е прв пат Apple да е тужен поради своите производи. Десетина купувачи во март ја тужеле компанијата во 59 одвоени тужби поради софтверот кој ги придвижува постарите уреди на iPhone. Против Apple во јуни била покрената втора тужба во која се бараат пет милиони долари отштета поради екранот на часовникот Apple кој е склон кон “пукање, разбивање или одвојување од неговото лежиште”.
Извор: B92.net