Кинеската компанија Huawei  најави дека ќе инвестира 2 милијарди долари во текот на следните пет години, за да се фокусира на сајбер безбедноста, така што ќе вработи повеќе луѓе и ќе ги подобри своите лаборатории. Сето ова се случува поради стравувањата од целиот свет за ризиците поврзани со нејзината мрежна опрема, објави „Ројтерс“.

Вообичаено потајно кинескиот технолошки гигант ги направи коментарите за време на прес-конференција, откако пречека десетици меѓународни новинари во својот нов кампус во еден од јужните кинески градови.

Huawei се најде во медиумите во последниве недели со апсењето на нејзиниот главен финансиски директор Менг Ванџоу, ќерката на милијардерот основач на компанијата. Таа беше уапсена во Канада на барање на САД.

Тоа ги засили стравувањата дека кинеската компанија која беше одвоена од американскиот пазар пред тоа, сега ја има истата судбина во Австралија и Нов Зеланд, каде што и беше одбиено да ги изгради новите 5G мрежи поради стравувањата дека нејзината опрема може да служи за кинеска шпионажа.

„Исклучувањето на конкурентите од полето за играње, не те прави подобро. Ние веруваме дека сите безбедносни грижи и обвинувања против Huawei треба да бидат базирани на фактички докази“, вели ротирачкиот претседател Кун Ху. „Без фактички докази, ние не ги прифаќаме и не се спротивставуваме на овие обвинувања“.