Корисниците на мобилна телефонија во Тајван, од почетокот на следната година, во целост ќе премина на 4G мрежата, откако тајванската Влада одлучи да ги угаси 3G сервисите кои ќе бидат достапни до 31. декември, 2018 година.

Иако најголем број од корисниците во Тајван веќе преминаа на 4G мрежи, се уште постојат околу 200.000 корисници на 3G мрежата, кои наскоро ќе останат без сигнал.

Ова е само логично продолжение на претходната одлука на тајванската Влада, која ја „угаси” 2G мрежата на 1. јули 2017. година и е дел од напорите да ги „примора” операторите активно да работат на покриеноста со 4G мрежа.

Бројот на корисници на 4G мрежа, во март оваа година, го намина вкупниот број на жители на Тајван, а за само една година, од ноември 2017 до ноември 2018, бројот на корисниците на 3G мрежата падна од 5,5 милиони на 228.000.