Работна група составена од неколку германски компании претстави и пушти во употреба нов тип на суперполнач способен за исклучително брзо полнење на батериите на електричните автомобили.
Групата е составена од Porsche, BMW, Allego, Siemens и Phoenix Contact E-Mobility, со финансиска поддршка од германската федерална група. Резултатот на заедничката работа на експертите од овие компании од 2016 година до денес, е уникатен суперполнач, кој има и официјално име – FastCharger.
FastCharger во зависност од капацитетот на батеријата на електричните возила е побрз од сегашните брзи полначи низ европските градови за 3-9 пати. Како пример, за да ја демонстрира новата технологија, Porsche на FastCharger прикачил сопствен модел со батерија од 90 kWh. За само три минути полнење, автомобилот добил доволно енергија за да помине 100 километри!
Според соопштението за медиуми од Porsche, FastCharger е компатибилен со сите модели во согласност со европскиот стандард Type 2 CCS (Combined Charging Station). Станицата за полнење самостојно препознава при приклучувањето на автомобилот дали станува збор за батериски систем од 400 или 800 волти, и соодветно го прилагодува полнењето.
Целосниот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас