Вашата безбедност на интернет во голема мера зависи од лозинките, што ги избирате за вашите профили.

Ова е добро познат факт за кој се тврди дека е потценет од милиони луѓе ширум светот.

Употребата на рутинските „abcdef“ или „12345“ продолжува да биде исклучително распространета, што во голема мера им олеснува на хакерите.

Најдобрата опција е да користите апликации за генерирање лозинки, кои автоматски креираат уникатни комбинации на букви, бројки и знаци, со цел да пристапите до различни профили.

Ова ќе осигура дека ќе бидете колку што е можно побезбедни и дека ќе паметите само една лозинка, и тоа при најава во генераторот на лозинки, што ќе го одберете.

Се разбира, имате целосна слобода да одберете софистицирани комбинации кои можете да ги зачувате некаде, за да не ги заборавите. Ова е прашање на личен избор.

Новиот извештај на SplashData сега опфаќа најчесто користените лозинки на Интернет во изминатата година.

Резултатите од овој извештај најдобро го илустрираат овој проблем.

Еве ја комплетната листа на најчесто користени лозинки на интернет во 2018 година, објавени на Mashable.

1. „qwerty“

2. „iloveyou“

3. „princess“

4. „admin“

5. „welcome“

6. „666666“

7. „abc123“

8. „football“

9. „123123“

10. „monkey“

11. „654321“

12. „!@#$%^&*“

13. „charlie“

14. „aa123456“

15. „donald“

16. „password1“

17. „qwerty123“

Може да се забележи дека повеќето лозинки на оваа листа се базични и ќе треба една минута за некој да ги погоди и да ги пробие профилите на нивните сопственици.

Бидете внимателни при изборот на лозинка, бидејќи ова е едно од најсилните оружја за заштита од разни закани на интернет.

Сепак, чудно е дека и покрај еволуцијата на технологијата, уште е голем бројот на луѓе кои не внимаваат на своите податоци онлајн.