Последната деценија го промени светот кој до тогаш го познававме и ни донесе изуми без кои сега не можеме да го замислиме животот. Ова е листа на апликации и технолошки новитети:

Oculus (3 години)

„Кикстартер“ во 2012 година му помогнал на Палмер Лаки да за почне со креирање на оваа технологија, а потоа во 2014 „Окулус“ е продаден на „Фејсбук“ за 2 милијарди долари.

Snapchat (6 години)

Кога излегол во летото 2011, „Снепчет“ – от носел име „Пиктабу“, но потоа името било променето, а и духот кој е лого на програмата има има – Гоустфејс Чила.

iPad (7 години)

Стив Џобс, во јануари 2010 година, „Ајпадот“ го опишал како искуство за сурфање кое е подобро од лап топ и мобилен телефон.

Instagram (3 години)

Уште првиот ден од своето постоење, апликацијата привлече повеќе од 25 илјади корисници. А во 2014 година, Марк Цукерберг го купи „Инстаграм“ за милијарда долари.

4G (7 години)

Постои од март 2010 година кога „Спринт“ го претстави првиот „HTC“ телефон со ваква мрежа.

Pinterest (7 години)

Настанал во март 2010, а денес има повеќе од 175 милиони активни корисници месечно.

Kickstarter (7 години)

Постои од април 2009 година и до денес е користен од повеќе од 13 милиони луѓе.

WhatsApp (8 години)

Стана хит во 2009 година, посебно во земјите каде што луѓето често пишуваат смс пораки.

Uber (8 години)

Настанал во март 2009 година, како сервис кој нуди превоз, а потоа следуваше брз развој.

Airbnb (9 години)

Иако идејата настанала во 2007, креаторите потрошиле нешто помалку од година дена за реализација на идејата. Била скромна веб страница каде што луѓето поставувале огласи, а сега е една од најпрофитабилните програми.

Google Chrome (9 години)

Претставен на 1 септември 2008 година. Компанијата истакнала дека сака да објави брз и едноставен пребарувач.

Spotify (9 години)

Излезе во 2007 година, а потоа креаторите потпишаа договор со бројни компании.

Android (10 години)

Оперативниот систем на Google e претставен е ноември 2007 година.

Извор: Tportal.hr