Компанијата Facebook објави дека нејзините експерти откриле грешка што може да влијае на 6,8 милиони корисници.

Како што соопштија од компанијата, при грешката што била направена на независни апликации им бил овозможен пристапат до разни фотографии на голем број корисници.

Оваа неправилност исто така може да влијае на работата на речиси 1.500 апликации поставени од 876 програмери, објави „Ројтерс“.