Научниците, длабоко во вселената пронашле една многу чудна планета, која изгледа како голем балон.

Како што наведува „Independent“, оваа бизарна планета има атмосфера исполнета со хелиум. Планетата е 124 светлосни години одалечена од Земјата и откриена е од страна на меѓународниот тим на истражувачи, кој го водат научници од Универзитетот во Женева, во Швајцарија.

„Ова е навистина возбудливо откритие, особено што хелиумот е откриен само во атмосферата на егзопланетите. Се надеваме дека може да го искористиме ова истражување за да дознаеме кои планети имаат водород и хелиум и колку долго можат да ги одржуваат гасовите во својата сфера“, рекла д-р Џесика Спајк, од одделот за физика и астрономија, на универзитетот во Екетер.

Оваа планета, која е приближно иста големина со Нептун, наречена е HAT-P-11b и се наоѓа во соѕвездието Cignus. Како дел од студијата, истражувачите користеле спектограф во Шпанија, за да видат оваа планета колку ја блокира светлоста од своите ѕвезди кога проаѓаат покрај неа.

Инструментот потоа ја одвоил ѕвездената светлост во своите компонентни бои, како што е виножитото. Бидејќи хелиумот апсорбира светлина од одредена бранова должина, истражувачите откриле голем облак со гас, кој ја опкружува планетата и блокира многу повеќе светлина од самата планета.

За научниците да го следат патот на атомите на хелиумот, користеле компјутерски симулации. Винсент Буриер, кој ја водел компјутерската симулација, рекол дека хелиумот е исфрлен од дневната страна на планетите кон ноќната страна, на повеќе од 10.000 километри на час.

„Бидејќи тоа е многу лесен гас, лесно го избегнува привлекувањето на другите планети и создава проширен облак околу неа.“

Токму тој феномен на оваа планета ѝ дава форма на балон, објаснил тој.

Научниците утврдиле дека горната атмосфера на оваа новооткриена планета е 20 пати поблиску до ѕвездите, отколку Земјата до Сонцето.

Ромен Алерт, студент од универзитетот во Женева и првиот автор на студијата, рекол дека претпоставувале дека оваа близина до ѕвездите може да влијае на атмосферата на егзопланетите.

Истражувачкиот тим смета дека студијата би можела да доведе до подобро разбирање на екстремните атмосферски услови околу најтоплите егзопланети.

Извор: B92.net