Intel ја најави следната генерација на својата CPU архитектура, под името Sunny Cove. Архитектурата ќе биде креирана во 10nm процес, а ова е нешто што Intel го одложуваше со години. Sunny Cove пристигнува подоцна следната година, а ќе се користи за следната геренација Xeon и Core процесори.

Intel ги ветува следните карактеристики за Sunny Cove:

  • Подобрена архитектура за извршување на повеќе паралелни операции.
  • Нови алгоритми за намалување на латенцијата.
  • Подобрена големина на клучните бафери и кешови за оптимизација на извршување на задачите на податочните центри.
  • Архитектурални екстензии за специфични кешови и алгоритми.

Покрај новата архитектура, Sunny Cove ќе ја имплементира и графиката од следна генерација, а ова е нешто што не сме го виделе во осмата генерација на Core процесорите. Новата Gen 11 графика вклучува 64 подобрени извршни единици, што е поприлично кога ќе се спореди со 24 единици на претходната генерација. Intel тврди дека ова ќе биде првата интегрирана графика на компанијата, која ја пробива границата од еден терафлоп.

Тоа значи дека ќе биде можно играње на голем број игри на ultrabook лаптопите, кои немаат дискретни графички картички.