На почетокот на неделата донесена е одлука во Кина да се забрани увозот и продажбата на селектираните iPhone модели, како резултат на судската борба помеѓу компаниите Qualcomm и Apple. Компанијата од Купертино мора да ги повлече моделите од iPhone 6s до iPhone X, но истакна дека годинашните смартфони не се погодени од пресудата.

Меѓутоа, Qualcomm смета поинаку и сега поднесе барање за забрана на iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR моделите во Кина, како следен чекор на својата борба пред судовите, која компанијата ја насочи кон Apple.

Двата технолошки гиганта не се ни блиску до постигнување на договор околу лиценцирање на надоместот и патентот на апликациите. Apple предупреди дека забраната ќе ги загрози кинеските производители, како што е Foxconn и истакна дека преку своите ланци на снабдување во земјата креирал над пет милиони работни места.

Во меѓувреме, Apple објави дека ќе обезбеди софтверско ажурирање за сите iPhone модели во Кина, кои ги загрозуваат патентите на Qualcomm. Ажурирањето е наменето за да ги покрие двата патента, кои беа тема на спорот помеѓу двете компании. Надградбата ќе се однесува само на iPhone моделите кои имаат софтвер пред iOS 12 верзијата и нема да биде објавена за iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR.