HMD Global лансираше пет нови телефони на Nokia на настан во рамките на IFA саемот во Берлин. Два нови паметни телефони: Nokia 7.2, поставуваат нови стандарди во својата класа со моќна 48MP тројна камера, со ZEISS оптики, и Nokia 6.2, каде што неверојатниот PureDisplay одговара на напредната тројна камера со вештачка интелигенција и сето тоа во еден достапен паметен телефон.

Компанијата, исто така, го прошири своето портфолио на телефони за да се исполнат новите категории на пазарот. Nokia 800 Tough е првиот дополнително заштитен телефон на HMD Global. Моделот е нова категорија на телефон кој е исклучително издржлив и има издржлива батерија, која е идеално споена со основни модерни технологии како Google Assistant, WhatsApp, 4G и многу повеќе.

Nokia 2720 Flip е компактен и удобен за рака, лесен за употреба благодарение на интегрираните технологии за вештачка интелигенција. Ова го прави идеален телефон за потрошувачите.

И на крај, Nokia 110, кој е наменет за забава во компактен пакет.