Samsung Galaxy S10 Lite (ова можеби не е конечното име на телефонот) е интересен уред, бидејќи ќе биде единствен во претстојната серија на смартфони со рамен екран, со големина од 5,8-инчи. Закривените рабови на останатите модели помагааат рамките од страните да изг ледаат помали. Меѓутоа, рамниот екран од концептот кој ни го донесува @IceUniverse има убава симетрија.

Рамките се перфектно еднакви околу целиот телефон – нема долна рамка, ниту засек. Контроверзниот Notch е заменет со punch hole камера, преку отворот сместен во горниот десен агол на екранот.

Се очекува дека Galaxy S10 Lite ќе има сензор за отпечатоци од страна, како што беше забележано на неодамна протечените фотографии на заштитното куќиште за телефонот. На задната страна ќе се наоѓаат две камери, а во дното е сместен 3,5-милиметарскиот приклучок за слушалки.