Samsung Galaxy A80 е достапен во продажба на селектирани пазари, вклучувајќи ја и Европа, каде што моделот со 128 GB простор за складирање се продава по цена од 649 евра.

Купувачите на телефони можат да се одлучат за три бои – Angel Gold, Phantom Black и Ghost White, а уредот е достапен преку онлајн продавницата на Samsung, провајдер или онлајн малопродажба.

Galaxy A80 користи моторизиран систем со три камери, кој може да се ротира на предната страна или на задниот дел. Тоа значи дека 48MP f/2.0 главната камера, како и 8MP f/2.2 ултраширокиот сензор е можно да се користат и за стандардни фотографии и за селфи.

Телефонот го покренува Snapdragon 730 чипсет, има до 8 GB RAM, 3700 mAh батерија со 25W брзо полнење и 6,7-инчен AMOLED екран.