Apple го објави Watch Series 4 со поддршка за EKG и детекција на пад, што привлече доста фанови на носечките уреди. Сега Samsung истите овие функции би можел да ги имплементира во својот претстоен Galaxy Watch Active 2 паметен часовник.

Јужнокорејската компанија планира одговорот на решенијата на Apple да го понуди во своја EKG апликација. Сервисот ќе го мери ритамот на срцето и ќе го известува корисникот доколку постојат некои нерегуларности и проблеми. Овие податоци потоа можат да се делат со лекарите, за попрецизно исчитување.

Galaxy Watch Active 2 ќе има и функција на детекција на пад (Fall Detection). Доколку носечкиот уред детектира паѓање на некое лице на под, тоа веднаш ќе го обележи со вибрација. Доколку личноста не е во состојба да одговори, часовникот ќе повика брза помош.

Иако датумот на објава на Galaxy Watch Active 2 уредот не е познат, можно е дека паметниот часовник ќе го видиме во текот на Samsung Unpacked настанот на 7. август, кога ќе биде претставен Galaxy Note10 или во текот на IFA саемот во Берлин, на почетокот на септември.