Google ја имплементираше Smart Reply функцијата во Hangouts Chat, овозможувајќи им на корисниците до три опции за одговори, кои брзо можат да ги изберат, обработат и испратат.
Компанијата истакна дека функцијата е поддржана од машинското учење, слично на она што го нуди Gmail Smart Reply опцијата. Уфрлањето на оваа карактеристика е дел од поголемите напори на компанијата Google вакви0т вид на алатки да ги имплементира во G Suite.
Today, we're bringing Smart Reply to Hangouts Chat. See how we're using #ML to help users reply to messages even quicker. https://t.co/FdOuFqsdga pic.twitter.com/6etx8l2Iw2
— G Suite (@gsuite) December 6, 2018
Google претходно оваа година објави дека планира Smart Replay функцијата да ја донесе во повеќе апликации за извршување на разговори.
Smart Replay ќе им пристигнува на корисниците на Hangouts Chat во следните денови, а моментно функцијата е достапна само на англиски јазик.
Поврзани артикли