Паметната маска на Apple за iPhone која воедно ќе го штити телефонот и ќе ја полни батеријата на телефонот, наскоро пристигнува на пазарот, објави Tech Radar.

Во продажба, наводно, ќе се најдат три модели на оваа маска – A2070, A2071 i A2171. Маските пред се ќе бидат достапни во Америка до крајот на оваа година, а потоа ќе почне и дистрибуцијата ширум светот.

Apple не направи нови паметни маски од 2016. година, кога ги произведе всушност и првите за iPhone 7 моделите. Љубителите на iPhone се задоволни што повторно ќе можат да ги видат на пазарот.

Новата маска за iPhone XS, iPhone XS Max и iPhone XR ќе може да го продолжи траењето на батеријата за дополнителни 14 до 15 часа.

Се уште не е познато колку ќе чини оваа маска. Да потсетиме, паметната маска за iPhone 7 чинеше 99 долари, па се претпоставува дека новата маска нема да биде многу поскапа.