Роботот Giddel совршено чисти WC школки (ВИДЕО)

Преносниот робот наречен Giddel е одлично решение за чистење на WC школките.

Се работи за робот кој има мала „роботска рака” со четка и користи напредна технологија за мапирање на 3D координатите за да ја исчисти WC школката. За процесот на чистење му е се доволни само пет минути.

Кога работата е завршена, роботот се полни со приклучување на станицата за полнење.

Она што треба да се истакне е дека може да им се прилагоди на сите WC школки, дека е изработен од издржлива пластика, сигурен е за употреба и може да издржи во кисели средини. Детално ги чисти WC шолките и посебно рабовите под нив.

Цената на роботот изнесува 500 долари.