Мајкрософт во Петок побара од владата на САД да започнат со регулација на технологијата за препознавање на лица.

“Ние веруваме дека Конгресот треба да направи тело што ќе го најде најдобриот начин за да се регулира технологијата за препознавање на лица,“ Претседателот на Мајкрософт Бред Смит напиша на неговиот блог.

Во Мај неколку организации што се борат за граѓански права побараа од Амазон да прекине да ја снабдува владата на САД со овој тип на технологија, предупредувајќи дека овој софтвер може да се користи за да се таргетираат имигранти и раси неферски.

Смит исто така кажа дека Мајкрософт го почитува барањето на технолошките компании сами да ги донесуваат одлуките околу оваа технологија, но додади дека е разумно таа да биде контролирана од избрано владино тело.

“Технологијата за препознавање на лица покренува прашања во срцето на основните човекови права како приватноста и слободата на изразување,“ тој напиша.