Lenovo официјално потврди дека својот Z5s телефон ќе го претстави на 18. декември во Пекинг. Компанијата ова го објави преку серијата постери на Weibo страниците.

Новиот датум на објава (претходно е најавено дека телефонот ќе биде претставен на 6. декември) значи дека Lenovo Z5s нема да биде првиот претставен телефон кој ќе го имплементира следниот тренд во индустријата на смартфони – отворот за камера во екранот (punch hole). Доколку не дојде до нови поместувања, тоа ќе биде Samsung со Galaxy A8s моделот.

Самите постери не откриваат многу кога ќе во прашање спецификациите на Lenovo Z5s. Се ветува брзина и изглед, а впечатлив е системот со три камери на задната страна.

Она што се знае за Lenovo Z5s моделот е дека ќе има 6.39-инчен екран и 3210mAh батерија. Телефонот би можел да го користи Snapdragon 710 или дури и Snapdragon 845 чипсетот.