Компанијата Google објави дека прави напори да ја поправи родовата нееднаквост во преведувачките апликации откако корисниците критикуваа дека Google Translate е програмиран автоматски да преведува во машки род.
„Во текот на годината беа направени напори за промовирање на еднаквост и намалување на пристрасноста во работата на компјутерските апликации“, рече Џејмс Кучмарски, претставник на компанијата.
Програмата за преведување, на пример, за англискиот збор „doctor“ во преводот на друг јазик нудеше опција само во машки род, а не и докторка, додека зборот „nurse“ на друг јазик се преведувал само како медицинска сестра.
Сега ќе има опција за машко и женско иначење на преводот од англиски на француски, италијански, португалски и шпански, напиша Кучмарски.
Google наведува дека ваквите тенденции планира да ги прошири и на преводот на други јазици застапени во Google Translate.