Кина подготвува револуционерна мисија на испраќање вселенска сонда на неистражената и најдалечната страна на Месечината, на тој начин покажувајќи ја се поголемата амбиција да се наметне како сила пред Русија, САД и ЕУ.

Доколку мисијата ,,Чанг 4″ биде успешна, Кина ќе стане првата земја која тоа успеала да го изведе. Подалечната страна на Месечината е позната и како темна страна бидејќи никогаш не гледа кон Земјата. Таа е засега непозната и од поинаков состав од другите делови на кои досега слетуваа мисиите.

Лансирањето на ракетата ,,Долг марш 3Б” е планирано за денеска. Ако се помине како што треба, кинескиот вселенски програм ќе избие на водечкото место во една од најважните области на лунарното истражување.