Основачот на Micorosft, Бил Гејтс на настан на фирмата Вилиџ глобал каде што присуствува како гостин, откри дека најголемата грешка што некогаш ја направил е кога дозволил Google прв да ја отпочне приказната Android.

“Во светот на софтверот, особено кога станува збор за платформи, тоа е пазар на којшто победникот зема сѐ”, изјави Гејтс. “Значи, најголемата грешка направена кога било, ми беше лошото управување што доведе до тоа денес Microsoft да не е она што е Android.

Тој додава и дека е природно и очекувано Microsoft да бил победникот. – Има место само за еден оперативен систем кој не е на „Епл“ и, колку тоа чини? 400 милијарди за да заврши со M (Microsoft ) наместо со G (Google), истакна Гејтс.

Google го купи Android за 50 милиони долари, а во 2007 година најави нов мобилен концепт што ќе овозможи пристап на поголем број луѓе на интернет.