Samsung планира да биде во врвот на производството на флексибилни телефони, а првиот свитлив модел на компанијата ќе се појави на почетокот на следната година. Дали овој телефон можеби ќе има растаглива батерија засега не е познато, но најновиот патент на компанијата опишува таков тип на батерија.

Патентот опишува батерија која може го менува обликот, а се состои од своевидна вреќичка, која ги содржи сите потребни метални бариери и електроди. Сите овие делови имаат брановидни облици, а сето ова и овозможува на батеријата да се растагнува без кршење.

Пред неколку години, јужнокорејската компанија веќе прикажа целосно свитлива батерија, а прототипите изгледаа како да се од гума. Во тоа време, официјалните лица на Samsung истакнаа дека батериите ќе бидат подготвени за масовно производство за неколку години, а можно е нивното време да е и стигнато.