Кога Samsung минатиот месец го прикажа својот телефон што се свиткува, не беа познати многу детали за уредот, освен фактот дека ќе има свитлив екран. Не ги знааевме конкретните спецификации, цената, достапноста, но ни името на телефонот. Најновата трејдмарк пријава би можела да ги разјасни недоумиците околу името на претстојниот смартфон.

Според неодамна откриената пријава за патент, јужнокорејската компанија го заштитила името “Galaxy Fold“. Секако, не постојат гаранции дека овој трејдмарк е во врска со претстојниот флексибилен телефон на Samsung, но ова секако претставува потенцијално име на уредот.

Како што споменавме, не е познато многу за свитливиот уред, а последните информации за цената навестуваа дека би можел да чини 2500 долари. Веројатна причина за ова е што телефонот ќе биде лимитирано издание, бидејќи технологијата која ја имплементира е нова.