LG на почетокот на следната година би требало да претстави нови преносни компјутери во рамките на линијата Gram, која во иднина ќе содржи и коневртибилни и 17-инчни модели.

Според достапните информации, LG за почетокот на следната година подготвува нови лаптопи од линијата Gram. Иако се уште нема детални информации за спецификациите, изворите успеаја да дојдат до неколку фотографии кои откриваат што може да се очекува од надворешноста на новите модели.

За почеток, LG ќе воведе конвертибилен модел, кој благодарение на шарките од 360 степени ќе може да се користи како преносен компјутер, но и како таблет и уред за презентација. Конвертибилниот Gram ќе има 14-инчен екран и поддршка за дигитално пенкалце.

Како што е видливо на фотографијата, од портовите се присутни USB Type-A (2x), USB Type-C (1x) и HDMI (1x). LG не заборави ниту на 3,5-милиметарскиот аудио излез, како ни на читачот на мемориски картички (microSD). За жал, USB Type-C портот нема да може да се користи за полнење на батеријата на уредот, па тука е и дополнителен порт за напојување.

LG во Gram линијата за прв пат ќе воведе и поголем, 17-инчен модел и понов 15,6-инчен модел. Да потсетиме, LG моментно во рамките на линијата Gram нуди 13,3, 14, и 15,6-инчни преносници. За новите 15,6 и 17-инчни модели, освен две фотографии нема останати познати податоци во овој момент.

Новите модели најверојатно ќе бидат претставени во текот на саемот CES 2019, кој традиционално се одржува секоја година во јануари.