Бидејќи 5G технологијата уште една или две години е далеку од употреба, Huawei сега започна да гледа на нова генерација на мобилен интернет. 5G беше извор на немири за Huawei. Американската влада загрижена дека компанијата може да вгради безбедносен пропуст во 5G и друга комуникациска инфраструктура, изврши притисок врз владите ширум светот за да избегне користење на опремата на кинескиот гигант.

Кинеската компанија ја истражува 6G мрежата во својот центар за истражување и развој во Отава, Канада. Не очекува 6G да стане реалност во било која смисла се до околу 2030 година.

Huawei е ставен на црната листа на САД, а претседателот Доналд Трамп дополнително потпиша извршна наредба со која се забранува работење со компанијата поради загриженост за национална безбедност, бидејки Huawei имале блиски врски со кинеската влада.

Стравувањата се дека кинеската влада би можела да ја искористи инфраструктурата која Huawei ја гради во САД и другите земји за шпионирање или шпионажа. Huawei во повеќе наврати го негираше тоа обвинение.

Црната листа на Трамп значеше дека компанијата е блокирана од користење американски производи, што го вклучува и системот Android на Google.

Huawei минатата недела го претстави HarmonyOS, оперативен систем за паметни уреди, како што се паметни телевизори, системи за забава во автомобили и друго, за што компанијата вели дека може да се користи за напојување мобилни телефони ако САД повторно го блокира користењето на Android.

Извор: PC Press.rs