Светската организација за интеелктуална сопственост (WIPO) на јапонската компанија на 22. ноември и одобри патент под името “Display Device And Electonic Apparatus”, кој се надоврзува на два веќе претходно одобрени патенти.

Патентот опишува паметен телефон со два екрана, кај кого еден дисплеј е поставен од предната, а другиот од задната страна на куќиштето.

Главниот екран содржи повеќе елементи кои емитуваат светлина, додека другиот содржи елементи кои управуваат со светлоста. Благодарение на тоа, уредот создава ефект на проѕирен екран од двете страни.

Патентот опишува шест различни режими на екранот, по три за секоја страна. Така екранот може да биде проѕирен, полупроѕирен или стандардо – непроѕирен.

Телефонот на преклоп со ваков екран, би можел да има дури четири панели, секој свртен еден кон друг, за да може да се создаде целосен екран на проѕирен екран.

Деталните описи на патентите можете да пронајдете на интернет сајтот LetsGoDigital.