Социјалната мрежа Instagram е виновна за уништување на природинте убавини на сојузната американска држава Вајоминг, тврдат засегнати здруженија.
Минатата недела, туристичка организација од Вајоминг побара од посетителите да престанат да се означуваат на социјалната мрежа пред обиколката на познатото езеро Делта, со цел да се заштитат шумите и езерата од големиот број на туристи.
Објаснувајќи го апелот, Брајан Модена, еден од челниците на организацијата предупредува дека животната средина е под закана од големиот број на посетители, кои се привлечени од прекрасните прејзажи што ги гледаат на Instagram.
„Корисниците на Instagram почнаа да објавуваат слики од врвот кон езерото. После тоа започна метежот на ова место“.
Интересно е тоа што до пред неколку години, во просек само двајца или тројца туристи дневно пешачеле околу езерото Делта, а денес истата активност ја реализираат околу 145 луѓе дневно
Поврзани артикли