Huawei објави нов светски рекорд за брзини на пренесување на податоци на 5G мрежи со употреба на конвенционален паметен телефон. Кинеската компанија ја тестираше 5G мрежата во Ц-опсегот, во согласност со стандардот 3GPP, во соработка со турскиот оператор Турк Телеком.

За време на експериментот, партнерите постигнаа брзина над 2,92 Gbit / s. Во процесот на тестирање се користел паметниот телефон Huawei Mate X со СИМ-картичка на Турк Телеком, објави TechRadar.

Според Huawei, постигнувањето на вакви резултати е можно благодарение на технологијата за агрегирање на фреквенцијата во Ц-опсегот, која поврзува неколку фреквенции, за подобрување на брзината на мрежата и протокот.

Иако корисниците веројатно нема да достигнат брзина близу 2,92 GB / s, тестовите на Huawei и Turk Telecom се покажува потенцијалот на 5G при користење на комерцијална опрема.